Во изминатиот период како дел од проектот Онлајн маркетинг – можност за зголемување на конкурентноста, кој е меѓу-гранична соработка со Република Бугарија под програмата Interreg IPA CBC, во Куманово се одржаа серија обуки.
Целта на обуките кои се одржаа и на оние кои следат е сопствениците на мали и средни претпријатија да се стекнат со базични знаења за е-маркетингот и е-трговијата. Како главни теми, меѓу многуте за кои се дискутираше на обуките беа Развој на маркетинг текст и промоција во онлајн медиуми (12-14.06.2020), Користење на Онлајн е-commerce платформата (17-19.06.2020), Креирање на маркетинг текст (02-04.07.2020)Работа со софтвер за обработка на текст (10-13.07.2020). По завршувањето на обуките сите учесници ќе се здобијат со сертификат за успешно поминување на серија обуки за Онлајн маркетинг.







