Промовиран проектот „Онлајн маркетинг – можност за зголемување на конкурентноста“

Posted on Posted in Uncategorised

Проектот „Онлај маркетинг – можности за зголемување на конкурентноста“ има за цел да ги промовира производите на малите и средни претпријатија во меѓуграничниот регион.

Како што објасни Марија Митева, финансиски координатор, идејата е претприемачите од Куманово и Ќустендил да поминат обуки, преку кои ќе се запознаат со финкционирањето на онлајн платформата заради зголемување на конкурентноста на нивните производи надвор од границите на традиционалниот пазар.

Веќе е распишан оглас за проектот, а можат да се учествуваат: занаетчии, земјоделци, претприемачи и сопственици на мал бизнис.

Започнато е веќе пријавувањето и изненадени сме тоа колкав интерес има. Се надеваме дека ќе имаме успешен проект со тоа што се пријавуваат луѓе од двете земји. Предвидено е на сите обуки да имаат 60 учесници, по дваесет од двата региони и 20 кои ќе бидат тесно поврзани со проектот. Дел од активностите вклучуваат повеќе обуки, тука во Македонија и во Бугарија. Идејата е да се направи една интеренет платформа каде што ќе можат малите и средените предприемечи да си ги пласираат своите производи“, – изјави Митева.

Сите заинтересирани можат да се пријават на elipsa.marija@gmail.com најдоцна до 27.12.2019.

Проектот е финасиран од Европската унија, започна во јуни годинава, а ќе трае до октомври наредната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *