Успешно завршени 10 обуки за онлајн маркетинг!

Posted on Posted in Uncategorised

Во изминатиот период во Куманово одржавме 10 работилници за да ги обучиме сопствениците на мали и средни претпријатија и занаетчиите да ги продаваат своите производи и преку интернет, што се покажа како исклучително важно за малите бизниси во овој период.

Учесниците се запознаа со онлајн платформата на која може да ги пласираат своите производи за да го прошират пазарот и во соседна Република Бугарија, како и со основите на интернет рекламирањето.

Дел од темите:

  • Работење со софтвер за обработка на текст и слики
  • Основи на електронски маркетинг и рекламирање на интернет
  • Правна регулатива при интернет купување
  • Даночен третман кај онлајн трговија
  • Логистика и достава

Сите обуки се спроведоа според мерките на претпазливост за заштита од Covid-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *