Работа и активност на
Центарот за одржлив развој „Елипса“ – Куманово
Работа и активност на ,, Центарот за одржлив развој ,, Елипса ,, – Куманово
Здружението на граѓани ,,Центар за одржлив развој ,, Елипса ,, – Куманово е основано на четврти Октомври 2012 година.
Главните цели на здружението се:
– Промовирање на одржлив развој, јакнење и развој на демократските процеси во општеството;
– Развој на човечки и материјални ресурси, поттикнување, развој и поддршка на локалните, регионалните и националните иницијативи за развој;
– Подигнување на свеста и остварување на други интереси и уверувања во согласност со Уставот и со законите;
– Едукација на младите и на општата популација за екологија, заштита и трајно користење на природните ресурси, економија, наука, култура и меѓународното разбирање, уметност и хуманост;
– Подигнување на јавната свест на младите и на населението во демократскиот процес во општеството и општествената одговорност, плурализмот, демократско владеење и меѓународна соработка;
– Размена на долгогодишно искуство со земјите од ЕУ;
– Афирмација на моделот на еколошки здрав начин на живот, подготовка и имплементација на проекти за јакнење и развој на човечки и материјални ресурси;
– Истражување и анализа во населените места и општините да се подигне општествената свест за екологија, животна средина и демократско општество ; – Преземање на активности за да се добие точно познавање на меѓународните научни достигнувања во овие области земјоделството , населението и глобалната екологија;
– Објавување на списанија и други можни публикации, книги и стручни изданија на научни, економски и правни истражувања, образование, земјоделство, заштитата на природа, заштита и развој на демократските процеси и туристичка пропаганда за Р. Македонија;
– Соработка со слични здружниа од други држави, меѓународни организации, меѓународната соработка со Централна и Источна Европа и други меѓународни односи со сите земји на светско ниво;- Организирање на семинари, курсеви и практична обука за професионално унапредувањето на демократските процеси во општеството, земјоделството, културата , информатичкото општество , животната средина итн;- Организирање на стручни состаноци, конференции, саеми, изложби, презентации на филмови и видеа нз напредокот на општеството во целина;
– Да се поттикне учеството на неговите членови на состаноци, семинари, работилници, конференции и слични настани во земјата или во странство
– Образование, истражување и обука, активности за различни целни групи – слични активности преку кои Република Македонија ке се доближи до Европската Унија во сите области;
– Здружението активно ќе соработува само со домашни институции, но и со странски институции кои се активни во Македонија, со цел да се здобијат со нови знаења од интерес за членовите ;
Здружението ќе организира за своите членови и јавноста
– Обука и едукација;
– Дебати;
– Семинари;
– Маркетинг активности;
– Други активности;
Асоцијацијата е од отворен тип, што значи дека сите заинтересирани страни може да станат полноправни членови по потпишувањето и плаќање на надомест. Здружението не е привремена и е со основано за подолг временски период. Ако во текот на своето работење има потреба да се изврши промена на статусот и други акти, тоа е дозволено. Здружението е непартиска и невладина организација. Програмата на здружението може да се прошири и да се измени.