ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА
ЕЛИПСА е регистрирано во Декември 2012. Според статутот, општата цел на ова здружение е да се промовира одржливиот развој, зајакнување на демократските процеси и развој на човечки и материјални ресурси во Република Македонија.
ЦОР Елипса има за цел да ги постигне следниве специфични цели:
– Поддршка на развојот на институционалните капацитети на централно и локално ниво;
– Подигнување на свеста кај граѓаните за употребата на одржливите практики во економскиот развој;
– Одржливо користење на човечките и природните ресурси;
– Поддршка за одржлив развој на туризмот ;
– Обезбедување на интегриран регионален развој во согласност со принципите на одржлив развој
Здружението на граѓани Центар за одржлив развој – Елипса е регистрирана. До денес ЦОР Елипса има учествувано во неколку проекти финансирани од различни донатори. Исто така, ЦОР Елипса има подготвено многу студии и стратешки документи од областа на туризмот и животната средина, а исто има одржано и неколку обуки во областа на туризмот и животната средина. Со своите експерти ЦОР Елипса учествуваше во подготовка на програмите за развој на планските региони во Република Македонија во области на туризмот, инфраструктурата и транспортот.
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА
– Промовирање на одржлив развој, јакнење и развој на демократските процеси во општеството;
– Развој на човечки и материјални ресурси, поттикнување , развивој и поддршка на локалните , регионалните и националните иницијативи за развој;
– Подигнување на свеста и остварување на други интереси и уверувања во согласност со Уставот и со законите;
– Едукација на младите и на општата популација за екологија, заштита и трајно користење на природните ресурси, економија, наука, култура и меѓународното разбирање, уметност и хуманост ;
– Подигање на јавната свест на младите и на населението во демократскиот процес во општеството и општествената одговорност, плурализмот, демократско владеење и меѓународна соработка;
– Размена на долгогодишно искуство со земјите од ЕУ;
– Афирмација на моделот на еколошки здрав начин на живот, подготовка и имплементација на проекти за јакнење и развој на човечки и материјални ресурси;
– Истражување и анализа во населените места и општините за да се подигне општествената свест за екологија, животна средина и демократско општество;
– Превземање на активности за да се добие точно познавање на меѓународните научни достигнувања во овие области земјоделството , населението и глобалната екологија;
– Објавување на списанија и други можни публикации, книги и стручни изданија на научни, економски и правни истражувања, образование, земјоделство, заштитата на природата, заштита, развој на демократските процеси и туристичка пропаганда за Р. Македонија;
– Соработка со слични здруженија од други држави, меѓународни организации, меѓународна соработка со Централна и Источна Европа и други меѓународни односи со сите земји на светско ниво;
– Организирање на семинари, курсеви и практична обука поради професионални унапредувањето на демократските процеси во општеството, земјоделството, културата, информатичкото општество, животната средина итн. ;
– Организирање на стручни состаноци, конференции, саеми, изложби, презентации на филмови и видеа со цел за напредок на општеството во целина;
– Да се поттикне учеството на неговите членови на состаноци, семинари, работилници, конференции и слични настани во земјата или во странство;
– Учење, истражување и обука за различни целни групи – сродни активности преку кои Република Македонија се приближува поблиску до Европската Унија во сите области;
– Здружението активно ќе соработува не само со домашни институции, туку и со странски институции кои се активни во Македонија, со цел да се здобијат со нови знаења кои ке се од интерес за членовите.